Новото издание на списанието „Зенит“ посветено на Горан Стефановски

од admin_kult

Излезе од печат списанието за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ на здружението „Иван Василевски“ од Струмица. Станува збор за двоброј посветен на Горан Стефановски.

Во него се сместени последните необјавени записи на Стефановски, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми.

Освен овој специјален дел присутни се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив.

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа заедно како двоброј на околу 270 страници.

„Зенит“ има меѓународна редакција во која освен домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе