„Нема да биде крај на светот“ – дел од Интернационалните театарски средби „Брчко дистрикт“ во БиХ

од admin_kult

„Нема да биде крај на светот“, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко дистрикт“ во БиХ.

Во официјалната фестивалска програма, која започна на 20 октомври, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот.

Како што соопшти тимот на МНТ, театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата традиција долга речиси половина век, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе