На Биеналето во Венеција претставување на проектот „Landscape Еxperience” од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, утре (22 април) во 18 часот ќе се обратат на отворањето на изложбата на официјалниот претставник на Република Северна Македонија на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност, проектот „Landscape Еxperience” од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

Македонскиот павилјон во Венеција е сместен на фреквентна локација во објектот „Скуола деи Ланери“.

Kомесар на проектот „Landscape Еxperience” е директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, а куратори се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Србија, и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА Штутгарт.

„Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е мултимедијален проект кој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот – смрт, убаво – грдо, витално – отровно се во фокусот на овој проект.

На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе