„Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска е македонски кандидат за Оскар

од admin_kult

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона С. Митевска, е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски – продуцент, Марија Димитрова – продуцент, Куштрим Бектеши – режисер, Милка Анчевска – кастинг-директор, Милан Тоциновски – монтажер, Сандра Чевреска – сценограф и Валдета Исмаили – актерка.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан  Пејовски.

Деведесет и петтата церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март 2023 година во „Долби театар“ (Dolby Theatre) во Лос Анџелес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе