Музичка вечер со магот на класиката – Лудвиг ван Бетовен!

од admin_kult

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу од Кина.

Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на македонската авторка Бете Илин, кои премиерно ќе прозвучат на  концерт.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе