„Моето езеро“ ја отвора Неделата на албански филм во Кинотека

од admin_kult

Од вечерва до 26 октомври во Кинотеката ќе се организира Недела на албански филм. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција.

На отворањето на Неделата ќе гостуваат: Едуарт Макри, директор на Националниот филмски центар на Албанија, и Фатос Река, амбасадор на Албанија во Скопје.

Прв филм на програмата е „Моето езеро“ на Ѓерѓ Џувани. Следува „Зората“ на Гентиан Кочи, дебитанско долгометражно играно остварување на овој млад режисер, кој е автор на неколку кратки и документарни филмови.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе