Младите и современата македонска драма приоритет на конкурсот на Министерството за култура и на МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп

од admin_kult

Министерството за култура,во соработка со Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински“ – Прилеп, информира за резултатите од „Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“.

Разгледувањето и оценувањето на пријавените текстови го изврши посебна комисија од истакнати, стручни и компетентни лица именувана од министерката за култура, на предлог од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Од 48 пристигнати и прочитани драмски текстови од страна на комисијата, избрани се следните три драмски текстови: „Бреме“ од Мила Јовановиќ – Миленковиќ, „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“ од Мики Душански.

Во врска со начинот за реализација на постапката на конкурсот, која ја спроведе МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, информираме дека согласно одлуката комисијата да биде анонимна, секој член на комисијата потпиша Изјава за анонимност.

Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка.

Министерството за култура и Македонсиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ сакаат да го истакнат ангажманот на членовите на комисијата и нивната посветеност во процесот на работа.

Министерството за култура на авторите на откупените македонски драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, ќе им додели авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.

Приоритет имаа текстовите кои поттикнуваат и промовираат  млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на јавноста-интерактивност, активна публика, учество на млади и текстови кои отвораат актуелни општествени прашања.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе