Министерство за култура: Усогласените плати со минималнaта плата ќе донесат поголеми резултати во културата

од admin_kult

Во првите 100 дена од работата на овој состав на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за култура продолжи континуирано да ги спроведува политиките за заштита на културното наслесдство, како и за одржување високо ниво на уметничките содржини на институционално и на вонинституционално ниво.

Во нормативниот дел, со денешната јавна расправа за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, се заокружува предлог-текстот кој е усогласен со директивите на ЕУ, и продолжува во владина и собраниска процедура за негово донесување.

На барање од пошироката културна јавност, беше повлечен Предлог-законот за  остварување на јавниот интерес во културата и беше формирана работна група која ќе работи на унапредување на предлог-текстот, во насока на имплементација на забелешките и создавање поволен амбиент за остварување на дејностите во културата.

За непречено постапување по препораките на УНЕСКО за зачувување на Охридскиот Регион, формиран е новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО, како и Националниот совет за културно наследство.

Со особена грижа се поддржува меѓународното претставување на земјава преку содржините во културно-информативните центри надвор од Северна Македонија, и со присуството на големите фестивали, како што беше и последната успешна изложба на Венециското биенале на уметноста.

Во капиталните инвестиции се распределени 536 милиони денари, а се работи на изградба на нови објекти и реконструкција на стари, како што се: Турскиот театар; Театарот и Библиотеката во Тетово; центрите за култура во Куманово и во Прилеп; реконструкцијата на покривите на МСУ и на НУБ „Св. Климент Охридски“, а во завршна фаза се и проектите за реконструкција на објектите на Музејот на Северна Македонија и на „Мала станица“.

Во овие 100 дена на Владата на Северна Македонија беа усогласени платите во културата со минималната плата, со што се доби соодветна валоризација на трудот на вработените и на уметниците. Министерството за култура и Владата се уверени дека тоа ветува врвна продукција, засилена заштита на културното наследство и високи резултати во институционализираната култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе