Министерството за култура ќе го поддржи „Мал битолски Монмартр“

од admin_kult

Министерството за култура подава рака и го презема функционирањето  на „Мал битолски Монмартр“.

Ова следува по објавениот апел за спас на „Мал битолски Монмартр“ на социјалните медиуми откако Министерството за образование и наука одлучи по 40 години да ги стопира финансиските средства за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, а со тоа и за светскиот бренд „Мал битолски Монмартр“.

И понатаму ќе течат нивните активности, така што учениците од 5 до 2О-годишна возраст ќе продолжат бесплатно да се едуцираат и да го развиваат својот ликовен талент кај нас, но и на детските ликовни колонии од Хонгконг (Кина) па сѐ до Португалија.

Во изминатите шест месеци учениците учествуваа на 10 светски детски ликовни конкурси и на пет светски детски ликовни колонии и освоија над 85 награди.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе