Министерката за култура на конференција во Советот на Европа

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска утре, 01.04.2022 год., ќе учествува на Конференцијата на министри за култура „Создавање на нашата иднина: креативноста и културното наследство како стратешки ресурси за разновидна и демократска Европа“ во Советот на Европа, во Стразбур, Република Франција.

На конференцијата, која е во рамки на италијанското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе се обрати на панел дискусијата на тема „Подготвени за создавање на иднината-култура, креативност, наследство и дигитализацијата“.

Посетата на Стразбур, министерката за култура ќе ја искористи и за средби со нејзините колеги од Европа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе