Меѓународна патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“

од admin_kult

Заменик-министерот за култура Даим Лучи во Националната галерија на Северна Македонија –објект Мала станица ја посети меѓународната патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“.

Станува збор за документаристичката изложба на фотографии и описи на Културниот центар „Габ Титуи“ од Австралија. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење.

Националната галерија изложбата ја реализира во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националниот музеј на Австралија и Амбасадата на Австралија во Белград.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе