Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

од admin_kult

Во организација на охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ денеска ќе се одржи четвртиот Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ .

Покрај домаќинот, во катедралната црква „Св.Софија“, ќе настапат и членовите на мешаниот хор КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад, хорот „Атендите“ при Културниот центар „Кикинда“ од Србија, детскиот машки хор од националната опера од Естонија, женскиот младински хор при МКЦ Скопје и детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“ од Велес.

На фестивалот ќе бидат промовирани различни јазици, култури и традиции. Премиерно ќе бидат изведени современа композиција со фолклорни елементи од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, влашка песна со детскиот мултиетнички хор, турска народна песна и стара андалузиска песна. Со придружба на хорот, премерно ќе биде изведена и обработка на композиција од Тоше Проески на охридскиот саксофонист Горан Папаз.

Охрискиот градски хор во 2020 година одбележа 55 години од постоењето, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е предводен од диригентот Бурим Хидри.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе