Македонски археолошки предмети за „Првите кралеви на Европа“ ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и во Отава

од admin_kult

Меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“ тргнува на турнеја низ Северна Америка, која ќе трае до 2024 година. На оваа меѓународна изложба за првпат ќе бидат изложени македонски археолошки предмети во Северна Америка, кои ќе претстават врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата.

Изложбата „Првите кралеви на Европа“ е резултат на иницијативата на Филдовиот музеј од Чикаго и соработката со Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп. Национален координатор на изложбата е Гоце Наумов, при што е направена селекција на повеќе предмети од неолитот, енеолитот и железното време, пронајдени на локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци.

Филдовиот музеј од Чикаго ја организира изложбата „Првите кралеви на Европа“ во форма на турнеја, која ќе ги претстави македонските и балканските археолошки предмети во неколку музеи во Њујорк, Чикаго и во Гатино – Отава, и тоа во периодот од 2022 до 2024 година.

Изложбата е проследена со извонреден зборник, уреден од авторите Атила Гјуча и Вилиам Паркинсон, кој е публикуван од престижната издавачка куќа на археолошкиот институт „Котсен“ при Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе