Македонскиот народен театар ја отвора новата театарска сезона 2022/2023

од admin_kult

Македонскиот народен театар во септември официјално ја отвора и новата театарска сезона, со меѓународни гостувања и патувања надвор од границите на државава.

Како што информираат од МНТ, во изборот на селектираните претстави се двете најнаградувани претстави од изминатата сезона, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и „Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, и двете во режија на Нина Николиќ.

Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на 1 септември во 20:00 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“, во уникатниот амбиент пред „Вила Станковиќ“ – Фрушка Гора. Од МНТ додаваат дека претставата во ноември ќе гостува и во Италија, а по гостувањето во Србија, на 12 септември во Струмица следува изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот“ на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

– Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ се очекува и премиерната изведба на комедијата „Лагата“, работена по текст на Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи, информираат од МНТ. Од оваа Национална установа додаваат дека се во тек и подготовките за претставата „Сите сме птици“, според текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе