Костадиновска-Стојчевска: Mинистерскиот состанок во Тирана е клучен за Западен Балкан, а културното наследство главна тема

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во следните два дена, 27 и 28 јуни, во Тирана, Албанија, активно ќе учествува на Министерскиот состанок за платформите на Западен Балкан за култура, за истражување и иновации и за образование и обука.

Исто така, европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, ќе присуствува на министерските состаноци со кои ќе претседаваат Европската комисија, француското претседателство со Советот на Европската Унија и албанските министерства за култура, образование и за спорт.

– Министерскиот состанок претставува клучен настан во заедничките напори за одржување на политичкиот моментум поттикнат од започнувањето на Агендата за Западен Балкан на Самитот во Брдо минатиот октомври, со главен фокус на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, преку кои Западен Балкан е на солиден пат кон поблиска соработка во тие области на политиката. Младите се тие што треба активно да ги вклучиме во сите процеси и да дадеме можност македонското културно наследство уште повеќе да им се доближи, а тие да  го пренесат на идните генерации – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Првата министерска платформа за култура на Западен Балкан ќе биде официјално промовирана на 27 јуни, по што ќе следуваат состаноците на министерската платформа за истражување и иновации и образование и обука на 28 јуни.

Извештајот на ЈРЦ Наука за политика (JRC Science for Policy) „Статусот на животната средина и климата во Западен Балкан“, основен елемент за Зелениот договор за Западен Балкан, исто така, ќе биде претставен на 28 јуни. Клучните теми што треба да се дискутираат за време на трите министерски состаноци вклучуваат културно наследство, соработка меѓу академскиот и бизнис-секторот како двигатели на иновациите и учење за одржливоста на животната средина.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе