Костадиновска-Стојчевска на Форумот 100 дена Влада: Распределени се близу 10 милиони евра за инвестиции во културата

од admin_kult

-Ова беа интензивни 100 дена и за културата, како и за целото општество. За жал, уште не излезени од пандемиската криза, сите попаднавме во безбедносна бездна која со себе ги повлече и уште повеќе ги нагласи и енергетската и економската криза – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”, кој се одржа во Националната опера и балет.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека во фокусот меѓу останатите приоритети на Министерството за култура останува и заштитата на културното наследство, како и Курбиново и Стоби на кои продолжува работата со странска експертска помош, а подготвен е и проект од Смарт Култура, со Албанија и Грција, кој наскоро ќе стартува.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека продолжува и реализацијата на капиталните инвестиции за што се распределени близу 10 милиони евра. Се работи на изградба на нови објекти и реконструкција на стари како што се: Турскиот театар, Театар и библиотека во Тетово, Центри за култура во Куманово, Прилеп, Кочани, Гостивар, Стар Театар во Струмица, реконструкција на покривите на Музејот на современа уметност и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, а во завршна фаза се и проектите за реконструкција на објекти на Музејот на Северна Македонија и на Мала станица.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека отпочна и првата фаза од целосната реконструкција на Музејот „ д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Министерката за култура ги сподели и активностите во нормaтивниот дел, каде со јавната расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродни права, се заокружува предлог-текстот кој е усогласен со директивите на ЕУ и продолжува во владина и собраниска процедура за негово донесување.

-На барање на културната  јавност, беше повлечен Предлог законот за  остварување на јавниот  интерес во културата и беше формирана работна група која ќе работи на унапредување на предлог-текстот, во насока на  имплементација на забелешките и  создавање на поволен амбиент за остварување  на дејностите во културата -рече Костадиновска-Стојчевска, реферирајќи за работата на Министерството за култура во првите 100 дена од новата Влада на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе