Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Крушево

од admin_kult

– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засокогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за време на работна посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево.

Костадиновска-Стојчевска беше информирана за активностите на оваа национална установа во која се изложени над 350 експонати кои ја раскажуваат приказната за детството, подемот и врвот на кариерата на македонската музичка икона Тоше Проески. Таа се запозна и со настаните  со кои беше одбележана десетгодишнината од отворањето на објектот, кој има огромна посетеност, како и со идните активности, меѓу кои и проектот  планиран за 15 годишнината од заминувањето на единствениот Тоше Проески.

Костадиновска-Стојчевска положи свежо цвеќе на спомен-обележјето и  вечно почивалиште на македонската икона Тоше Проески, кое со поддршка од Владата на РСМ беше изградено минатата година и претставува само мало оддолжување за сето она што Тоше го направи за нашата земја.

Во рамките на престојот во Крушево, министерката за култура ја посети и Галеријата на доајенот на македонското ликовно творештво Никола Мартиноски каде што се запозна со највредните дела од творештвото на една од најистакнатите фигури на македонската култура во 20 век. Преку етнолошката поставка, пак, се запозна и со македонскиот начин на живот и народното богатство  на крушевскиот регион. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе