Концерт на Фатос Керимај и Златко Ориѓански во Тирана

од admin_kult

Вчера вечер во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Фатос Керимај и Златко Ориѓански. 

Првиот од Тирана, вториот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар „Hybrid symphony“ составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.

Керимај беше диригент, оркестарот изведе дел од неговата филмска музика, Ориѓански се претстави со дел од музиката за ,,Пред дождот“ и музика пишувана за театарските претстави на Слободан Унковски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе