Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“

од admin_kult

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечер во фоајето на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, во рамките на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо“ за гудачки оркестар од Кирил Македонски, „Циклус“ за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски, „Поема“ за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, „Записи“ за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, „Кончертино“ за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и „Калеш Анѓо“ за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.

Влезот за концертот е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе