Концерт на Европскиот креативен оркестар при Институтот „ФАМЕ’С“ и познатиот квартет „Куарем“

од admin_kult

Во камерната сала на Филхармонијата вечер (21 октомври), во 20 часот, концерт ќе одржат  Европскиот креативен оркестар при Институтот „ФАМЕ’С“ и познатиот квартет „Куарем“.

На концертот ќе бидат изведени специјално оркестрирани композиции напишани од членовите на квартетот „Куарем“ и музика чијашто инспирација се танците од целиот свет. Гости на концертот се светски познатата перкусионистка и вокал Наташа Роџерс и вокалистката Зарина Првасевда.

Ова е проект на Креативна Европа со поддршка од Европската комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021 – 2027 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе