Концерт на „Биг бенд оркестар“ и на најдобрите македонски гитаристи

од admin_kult

Во паркот пред Младинскиот културен центар вечер (24 август) во 21 часот ќе се одржи концерт под наслов „ЗЏМ Биг бенд оркестар и македонски гитарски херои“.

Организаторите најавуваат дека станува збор за несекојдневен и единствен настан кој на иста сцена ќе ги обедини сите најдобри македонски гитаристи, придружувани од ЗЏМ „Биг бенд оркестар“, под диригентство на Џијан Емин.

Петар Ренџов, Игор Атанасовски-Харе, Венко Серафимовски, Влатко Стефановски,
Димитар Божиков, Ади Имери, Зоран Костадиновски, Саша Спасовски-Крокер, Предраг Икономовски и Александар Поп Христов се десетте македонски херои на гитара кои ќе бидат дел од овој настан, кој ќе претставува своевиден самит на најдобрите гитаристи од нашата држава.

На програмата ќе бидат изведени светски познати џез-класици, аранжирани за биг бенд-изведба, од страна на членови на Здружението на џез-музичари – Зоран Костадиновски, Трајче Велков, Гордан Спасовски, Сашко Николовски, Дамир Имери и Џијан Емин.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе