Концерт во чест на американскиот пијанист Дерек Хан во Филхармонија

од admin_kult

На 27-ми јуни, во понеделник, во 19,30 часот, во Филхармонија ќе се одржи ексклузивен музички настан посветен на големиот американски пијанист, Дерек Хан, кој почина минатата година од КОВИД.

Хан е познат на балканската публика, зашто 20 години беше редовен гостин и голем пријател на земјите од регионот.

Диригент е Дениола Кураја, а меѓу гостите кои настапуваат се уметниците со меѓународно реноме:Кетрин Ветингтон – сопран, Ерин Хелгесон Торес – флејта, Сихана Бадивуку – виолина, Блерим Груби – виола, Клевис Ѓерѓика – пијано -, виолина, Клаудио Зото – виолончело и Анди Дураку – пијано

На репертоар на овој музички спекткл се дела од : Бетовен, Моцарт, Доницети, Штраус и други.

Концертот во чест на Дерек Хан, е уникатен настан што го организира „Муза“ и „Унион нет“, а во следните денови истата програма ќе се одржи уште и во Приштина и во Тирана. Како што велат организаторите, овие концерти  во спомен и почит на реномираниот американски концертен пијанист Дерек Хан

Кој од  2000-та  година редовно настапуваше во Скопје, Тирана и во Приштина. „Приказната за животот на Дерек Хан и неговата несебична посветеност на музичките уметности на Западен Балкан е доказ за моќта на музиката да го обедини човештвото во заедничката потрага по помирување. Овие концерти се можност да се истакнат овие вредности“, велат организаторите.

Концертот е бесплатен, но влезниците се резервираат по електронски пат: www.derekhantributeconcert.com

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе