Колективна изложба „10 години Јадро – сè уште оправдано присутни“

од admin_kult

Асоцијацијата на независната културна сцена – „Јадро“ денеска го слави својот 10- годишен јубилеј со колективната изложба „10 години Јадро – сè уште оправдано присутни“.

– Изложбата е колаж кој ja обединува и ја претставува дејноста на културните работници здружени во „Јадро“ кои секојдневно имплементираат современи културни практики и будно, јасно и смело се обидуваат да укажат на нужноста од критичко промислување на социо-културниот контекст и на нужноста за демонополизација на културата и уметноста – информира организаторот.

„Јадро“ претставува непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зацврсти независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

Веќе една деценија, платформата здружува организации, поединци и неформални групи кои континуирано обезбедуваат видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, засилување на неговото влијание во општествениот контекст и развој на алтернативни културни практики на национално, локално и на регионално рамниште.

– Затоа оваа изложба, овој 10-годишен јубилеј, ја слави работата на членките кои дејствуваат во различни културни сектори и заеднички се застапуваат за слободно, одговорно и критичко промислување во јавната сфера – додаваат од „Јадро“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе