Кинотеката ја чествува 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки

од admin_kult

По повод 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки, во Кинотеката на Северна Македонија за времетраењето на Фестивалот на нем и класичен филм (31 август – 7 септември) беа изложени дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски – фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори.

Од Кинотеката информираат дека денеска, покрај можноста да се проследи оваа изложба, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки.

Од оваа Национална установа, меѓу другото, потенцираат дека на профилите на Кинотеката на социјалните мрежи деновиве ќе биде промовиран и видеозаписот „Филмомаж Манаки“, подготвен од млади филмски автори и соработници на Кинотеката, во кој тие говорат за браќата Манаки како нивна инспирација.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе