Кво вадис, Аида?“ на априлската програма во Кинотеката

од admin_kult

Со документарниот филм „Најубавото момче на светот“, Кинотеката ќе ја почне априлската програма која, според најавите, ќе понуди интересни и значајни остварувања од понов и од постар датум.

Кинотеката ги најавува и „Носферату, симфонија на стравот“, што ќе се прикажува по повод стогодишнината од снимањето; „Медеја“, со чија проекција ќе се одбележи стогодишнината од раѓањето на италијанскиот и европски автор Пјер Паоло Пазолини; како и „Американскиот пријател“ на Вим Вендерс од 1977 година и „Лудиот Пјеро“ на Жан-Лик Годар од 1965 година.

Од македонските класици, на програмата ќе бидат два филма на Димитрие Османли – „Мирно лето“ и „Ангели на отпад“. Априлската програма на репертоарот го има и „Кво вадис, Аида?“ од босанско-херцеговската авторка Јасмила Жбаниќ. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе