Италијанската актерка Каролина Пагани на „Битола Шекспир фестивал“  

од admin_kult

„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет.  

Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа“, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата. -Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал“ ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге“, со балетот „Ромео и Јулија, последните часови“ подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

 Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет“ на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе