Ин меморијам: Почина академскиот сликар Таки Павловски

од admin_kult

Ин меморијам: Почина академскиот сликар Таки Павловски

На 84 години, почина академскиот сликар Таки М. Павловски.

Павловски е роден во 1939 година во костурското село Желино. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 г. престојувал во Париз како стипендист на француската Влада, а во 1995 и 1990 г. престојувал во Македонското ателје во Париз.

Член е на ДЛУМ од 1967 година. Има реализирано многубројни самостојни изложби во земјава и во странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и „Гран при“ на ДЛУМ и „Зимски салон“ (1992), како и награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе