Изработена прва нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион 

од admin_kult

октомври 25, 2022

Работна група формирана од Владата на Република Северна Македонија изработи прва нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што е во согласност со Одлуката (44 COM 7B.77) донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство одржана во Фужу, Кина (2021 година).

Изработката на Стратегискиот план за рехабилитација на Охридскиот регион беше координирана со работната група од Република Албанија, со која заеднички се дефинираа стратегиските цели и Акцискиот План.

За планскиот документ Стратегиски План за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука дека не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

Нацрт верзијата на Стратегискиотплан за рехабилитацијана природното и културното наследство на Охридскиот Регионзаедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, се објавени на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање и веб страницата на Министерството на култура.

Вашите мислења, предлози и забелешки по Нацрт верзијата на Стратегискиот план може да ги доставите на infoeko@moepp.gov.mk и skj.mzspp@gmail.com заклучно со 25.11.2022 година.

Со цел ефективна консултација и вклучување на јавноста во наредниот период, согласно законските прописи ќе се организира и јавна расправа, во рамки на која ќе може исто така да земете учество и да ги изнесете вашите забелешки и дополнувања во однос на Нацрт верзијата на Стратегискиот план.

Стратегискиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион

формулар за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена

одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Стратегискиот план

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе