Изложба „Слобода?!“ – заедничка изложба на македонски и бугарски ликовни уметници во Ловеч

од admin_kult

Во организација на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија и Уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“ за прв пат во град Ловеч ќе биде претставен проектот „Поврзување“ и изложбата „Слобода?!“ која е дел од него. Оваа групна изложба на 15 современи македонски и бугарски ликовни уметници претходно имаше своја успешна премиера во Созопол. Од 30 јуни (четврток) 2022, со почеток од 18:00 часот, веќе организаторите и авторите ќе се радуваат и на контактот со публиката во Ловеч.

Со ова гостување се продолжува реализирањето на целта на проектот, поддржан од Министерството за култура на РСМ, да бидат претставени новосоздадени ликовни дела на современите уметници, како и да се поврзат ликовните сцени од двете земји.

Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група Конекција, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Софија, Бугарија: Перица Георгиев – Пепси (Скопје), Марјана Иванова (Виница), Зоран Мише (Охрид), Иво Пецов (Виница), Павел Целкоски (Охрид) и Марјан Ѕингаров (Струмица).

Тука се делата и на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Северна Македонија: Беди Ибрахим (Скопје, ФЛУ), Јован Шумковски (Скопје, ФЛУ), Катерина Деспот (Штип, УГД) и Срѓан Микиќ (Скопје, IBU).

Со своите македонски колеги изложуваат и бугарските ликовни уметници и професори од Националната Ликовна Академија во Софија: Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов и Васил Колев. Свое учество има и уметницата Марија Алексиева од Бургас.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе