Изложба „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски

од admin_kult

Во КСП Центар – Јадро денеска, 16 мај, од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски.

На изложбата „Пикторијализам“, Јана Луловска и Сашо Алушевски презентираат триесетина фотографии изработени во една од постарите и ретко употребувани техники денес, цијанотипија. Заедничко за фотографиите на двајцата автори е основната желба нивните дела да ја разбудат имагинацијата на гледачот и да ја прикажат убавината на природата што човекот сѐ повеќе ја занемарува.  

Изложбата е финансиски поддржанa од Министерството за култура и од Град Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе