Изложба „Париски рефлексии 2“ во Националната галерија

од admin_kult

Во Националната галерија во четврток (9 март) со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Париски рефлексии 2“.

Станува збор за второ продолжение на изложбата, која  е во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата.

Според организаторите, на изложбата ќе бидат претставени дела на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз по што извршиле влијание врз развојот на македонската уметност. Станува збор за дела на автори родени до 1930 година, кои ја дефинирале ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6та и 7та деценија на 20 век:  Вангел Коџоман, Димитрије Поповиќ – Цицо, Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски, Вангел Наумовски и други, како и францускиот уметник Клод Дервен, кој во поново време творел во Македонија.

Сите претставени дела се дел од Колекцијата на Националната галерија.

Куратор на изложбата , која Националната галерија ја реализира во  соработка со Францускиот институт во Скопје е Маја Чанкуловска-Михајловска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе