Изложба „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ во Чифте амам

од admin_kult

Во изложбениот простор Чифте амам од денеска е отворена изложбата на фотографии „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“, која ги отсликува убавините на Италија, збирка во сопственост на Архивот „Алинари“.

Поставката е составена од три секции – пејзажи, дела и лица – и секоја од нив обединува фотографии од крајот на 19 и раниот 20 век. Своевиден времеплов низ пејзажите на Италија, луѓето и уметноста, претставени преку објективот на италијанските фотографи, меѓу кои и браќата Алинари, Барбиери, Басилико, Беренго Гардин, Фонтана, Џакомели, Мараини, Пелегрин и Ѕание.

Изложбата е резултат на соработката меѓу Амбасадата на Италија во Северна Македонија и Националната галерија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе