Изложба на уметникот Милко Нестороски во Прилеп

од admin_kult

„Садхана“ е насловот на самостојната изложба на младиот струшки уметник Милко Нестороски, што денеска, 2 април, ќе биде отворена во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Уметникот Нестороски ќе ги претстави визуелизацијата на прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон.

Нестороски е роден во 1994 година во Струга, а дипломирал сликарство со модул сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. м-р Благој Маневски. За време на студиите и по нив учествувал на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во родната Струга и во Скопје. Тој е организатор на првата „Треш-арт колонија“ во Македонија одржана во рамките на Фестивалот за процесирање култура „ДРИМ-ОН“.

Милко Нестороски е номиниран за Глобалната награда за уметност, која ќе биде доделена на 5 јуни годинава во Токио, Јапонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе