Изложба на Заводот и музеј од Битола во Музејот на Војводина

од admin_kult

Националната установа Завод и музеј Битола гостуваше во Европската престолнина на културата Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за достапност на музеите.

Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3 јуни  во присуство на голем број гости, ја сочинуваат 20 панели со тактилни слики и опис на Брајово писмо, со мотиви од предмети од постојаната поставка и архитектура.

Во рамките на проектот се одржа обука за музејски работници од неколку музеи од Војводина, на тема „Пристапни музеи“. Предавачи беа музеолози од Балканот, меѓу кои и: Јове Парговски од НУ Завод и музеј Битола, Милена Милошевиќ-Мициќ од Србија, Аида Шарац-Бербиќ од Босна и Херцеговина, Жељка Сушиќ од Хрватска. Проектот, чиј раководител е Ирена Ружин, е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма од национален интерес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе