Изложба на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во КИЦ – Софија

од admin_kult

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер (18 ноември), со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути.

Младите автори од Тетово за првпат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на РСМ.

Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути дипломирале на Факултетот за уметности, насока „графика“, при Тетовскиот универзитет. Со самостојни изложби се претставиле дома, но и во Истанбул, а биле учесници на групни изложби во повеќе градови во државава.

„Берат Беќири, Астрит Реџепи и Илбер Даути, иако сè уште на почетокот на својата уметничка кариера, ѝ се предале на уметничката инспирација со традиционалните нијанси на стилови и начини на творење во рамките на флексибилен графички метод. Делата изгледаат едноставно, но ако навлеземе подлабоко, се гледа дека се префинети и елегантно обработени на декоративна и дводимензионална заднина и понекогаш се појавуваат со изразени експресионистички нијанси со градации“, вели д-р Јелдз Асани, историчар на уметноста, по повод изложбата на тројцата автори во Софија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе