Изложба на Анита Огњановска во КИЦ-Скопје

од admin_kult

„Без ограничувања“ е насловена самостојната изложба на уметничката Анита Огњановска, која љубителите на визуелните уметности ќе можат да ја погледнат  од денеска, 25 јануари, од 20 часот во Културно-информативниот центар-Скопје.

Во рамки на изложбата,  во изложбениот салон Империјал 1 и 2, ќе бидат изложени шеесет и едно дело, масло и акрил на платно, насликани во периодот од 2020 до 2022 година. Делата  го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз.

Изложбата ќе биде поставена во КИЦ –Скопје до 10 февруари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе