Изложба „Музеј за сите“ – „Сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“

од admin_kult

Под мотото „Сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“,  во изложбената сала во НУ Завод и музеј – Битола е поставена мултисензорната изложба „Музеј за сите“, на која со примена на модерни технологии се презентирани 16 предмети од постојаната поставка на битолскиот музеј.

Изложбата, подготвена од Ирена Ружин и Јове Парговски, вработени во Музејот, се состои од 16 нови тактилни слики наменети за лицата со оштетен вид и слух кои, освен со Брајовото писмо, се придружени и со аудиоприказни и видеа на знаковен јазик за музејски артефакти од различни периоди. Изложените експонатите содржат и „NCF-тагови“, кои кога ќе се скенираат со мобилен телефон, се добива аудиоматеријал за делото, а се прикажува и видео на знаковен јазик.

Заводот и музеј – Битола располага со повеќе од  100 премети кои се достапни на овој начин.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе