Изложба „Како што е“ на Антони Мазневски

од admin_kult

Изложба насловена „Како што е“ на Антони Мазневски ќе биде отворена денеска во Националната галерија, во објектот на Чифте амам. На изложбата, која ќе биде достапна за посетители до 6 ноември, ќе биде презентирана неговата понова, седумгодишна продукција со цел да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации…

Антони Мазневски е присутен на домашната и странска ликовна сцена веќе три децении. Работи како редовен професор на катедрата по сликарство при Факултетот за ликовни уметности. Во својата творечка активност има реализирано дваесеттина самостојни и многу групни изложби во земјата и странство. Неговите дела се дел од колекциите на неколку значајни музеи и ликовни институции во дома и во светот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе