Изложба и промоција на монографија на Владимир Георгиевски

од admin_kult

Во Музејот на град Скопје утре (7 декември, среда) во 20:00 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942 – 2017).

Изложбата, чиј куратор е Емил Алексиев, се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Во рамките на изложбата ќе биде промовирана и монографија за творештвото на Георгиевски во издание на Музејот на град Скопје. Автор на монографијата е Емил Алексиев.

Изложбата ќе биде поставена во Музејот на град Скопје до 31 јануари 2023 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе