Изложба и концерт на македонски уметници во Созопол

од admin_kult

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија учествува со два културни настани во рамките на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ кој по единаесетти пат се одржува во туристичкиот град Созопол, на брегот на Црно Море  во Р Бугарија.

„Слобода?!“ е насловот на изложбата што в недела (5 јуни 2022 година) ќе биде отворена во Градската уметничка галерија во Созопол. Во рамките на изложбата, што ќе трае до 20 јуни, ќе бидат претставени дела од македонските и од бугарските современи ликовни уметници: Беди Ибрахим, Јован Шумковски, Катерина Деспот, Перица Георгиев-Пепси, Срѓан Микиќ, Марјана Иванова, Зоран Мише, Иво Пецов, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов, Васил Колев и Марија Алексиева.

Истиот ден со почеток во 20:30 часот во Археолошкиот музеј во Созопол ќе се реализира и концертот на „Трио Академико“ во состав: Златка Митева (флејта), Бранко Павловски (кларинет) и Наташа Трбојевиќ (пијано) – професори  на  Факултетот за музички уметности во Штип. На програмата се дела од: Евазен, Кавалини, Јанковски, Занинели, Шмит и Сен-Санс.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе