Изложбата „Моите мисли“ од Адам Фекете во КИЦ на РСМ во Софија

од admin_kult

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, утре (24 февруари) ќе биде отворена изложбата „Моите мисли“ на младиот унгарско-бугарски ликовен уметник Адам Фекете.

Од КИЦ ‒ Софија информираат дека изложбата е составена од дваесетина дела што не се изложувани досега, а се изработени во последните 3 години, и додаваат дека посетителите утре може да се сретнат со авторот меѓу 16:00 и 19:00 часот.  

„Авторот се инспирирал од времето во кое живееме. Ликови, чувства и мисли, сето она што нѐ опкружува, шарениот свет на нашето време – покрај сѐ, инспирациите ги следат мислите и го наоѓаат своето решение врз платното. Во колористичниот дијапазон, смелоста и прекршената реалност во апстрактните сликарски и графички дела на младиот уметник ја пронаоѓаме слободата“, појаснуваат од КИЦ ‒ Софија. Адам Фекете, кој е  студент по сликарство на Софискиот универзитет, досега реализирал 18 самостојни изложби во Бугарија, Унгарија и во Белгија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе