Изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов по повод Светскиот ден на балетот

од admin_kult

По повод Светскиот ден на балетот, кој оваа година се одбележува на 2 ноември, на сцената на Националната опера и балет вечер (1 ноември) во 20 часот ќе биде изведен еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Диригент е Бисера Чадловска, а кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Костимите и сценографијата се на гостите од Украина – Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Васил Чичиашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург во јануари 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе