Изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет вечер (24 јануари), во 20:00 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“.

– Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата – наведуваат од Националната опера и балет.

Кореографијата и режијата се на Олга Панго, а музиката ја направи Калиопи Букле. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ од сценографот Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе