Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

од admin_kult

Поетот и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка објавена меѓу две фестивалски изданија.

Анчевски е добитник на наградата за неговата најнова поетска збирка „Збунети компаси“, објавена во едицијата „Поеза“ на издавачката куќа „Или-или“. Тој по вторпат е добитник на ова највисоко признание откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“.

Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор и есеист. Има објавено девет поетски збирки што се наградени во земјава и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга („Патување низ скршени слики“, 1984) и меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004). Има објавено и есеи, критички осврти и студии за книжевната теорија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе