„Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ од Али Азгари

од admin_kult

Филмот „Сведок“ од Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби наградата „Златна потковица“ на 17. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица.

„Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ од Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а „Бронзената потковица“ му припадна на филмот „Мојот ум“ од Мартин Стренџ-Хансен од Данска.

Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ од Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија).

Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ од Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска, Канада).

Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово.

Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а Фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ од авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе