Започнаа активностите во рамките на проектот „Владетелки на Балканот“

од admin_kult

Со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Северна Македонија, вчера во Скопје започнаа активностите во рамките на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура.

„Проектот има цел да ги раскаже приказните на истакнати жени кои владееле во средновековниот период на Балканот и врз основа на нивните животи, навики, успеси и предизвици што ги имале во своето време, да се создадат приказни кои ќе бидат претставени преку апликации во виртуелна (VR) и проширена реалност (AR)“, информираат од Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ – домаќин и партнер од Северна Македонија. „ХАЕМУС“ го работи овој проект во партнерство со: Здружението за дигитализација и информација на културното наследство „Digi.ba“, NoHo Ireland, Универзитетот во Сараево, Народниот музеј на Црна Гора и Археолошкиот институт при САНУ во Белград.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе