Заменик-министерот Лучи гостин на Меѓународниот фестивал „Пролетни обреди“ (Ritet Pranverore) во Тирана

од admin_kult

Заменик-министерот за култура Даим Лучи ја предводеше делегацијата од Северна Македонија како почесен гостин на отворањето на 17-тото издание на Меѓународниот фестивал „Пролетни обреди“ (Ritet Pranverore),  кој се организира под покровителство на градоначалникот на Тирана.

На фестивалот настапија културни ансамбли од сите албански краишта, кои со своите прекрасни уметнички изведби го збогатија убавиот ден во Општина Тирана – Единица Крабе.

Заменик-министерот Лучи упати благодарност до Ленц Исуфи, претседател на Управната единица Крабе и до директорот на Фестивалот, Илир Селба, за топлото гостопримство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе