Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата тврдина во Охрид

од admin_kult

Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуилова тврдина во Охрид. Финансиските средства за реализација на проектот „Доистражување на просторот од Самуилова тврдина – Цитадела, изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување“ беа обезбедени со програмата за финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија.

Од Заводот и музеј Охрид потсетуваат дека локалитетот Самуилова тврдина веќе неколку години е истражуван во  континуитет.

„Со последните истражувања имаме сознанија за хронолошката комплексност на локалитет, а, секако, и показателите од движен и недвижен карактер укажуваат на  развојот на културните хоризонти и неговите етапи.

Во контекст на ова, истражени беа околу 150 м², при што беше откриена архитектура која е дел од поголем комплекс на градби кои припаѓале на доцниот османлиски период, како и фрагменти од керамички садови;  делови од чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори во периодот од доцната антика па сѐ до доцниот османлиски период. За првпат беше извршено и фотограметриско снимање на северната и на јужната половина од Цитаделата“, информираат од Заводот и музеј Охрид. Раководител на проектот е археологот Анатоли Арнаудовски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе