Драмски театар со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостуваше на 67. „Стериино позорје“

од admin_kult

Драмскиот театар со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостуваше на 67. „Стериино позорје“

Драмскиот театар од Скопје вчеравечер гостуваше на 67. „Стериино позорје“ во Нови Сад со претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My Name Is Goran Stefanovski) во режија на Бранислав Миќуновиќ.

Драмскиот театар по повеќегодишна пауза се враќа на сцената на Српското народно позориште во Нови Сад и претставата ја изведе во меѓународната програма „Кругови“.

Драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, а автор на музиката е Влатко Стефановски.

Во актерската екипа се: Биљана Драгиќевиќ-Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе