Драмскиот театар на Меѓународниот фестивал „РУТА“

од admin_kult

Со претставата „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, НУ Драмски театар Скопје учествуваше на Меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“ во Подгорица, Црна Гора.

Улогите ги толкуваа: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. Сценограф е Александар Дениќ, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Влатко Стефановски.

Драмскиот театар од Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе